Тешка победа: „Фенерџијата“ ја испоти Барса

Барселона со многу мака успеа да стигне до три бода на гостувањето против Леганес, триумфирајќи со 1-2 со пресврт во второто полувреме откако „фенерџијата“ на табелата имаше водство од 1-0 по првите 45 минути игра.

Леганес има освоено само шест бода сезонава, но домаќините сепак го изненадија шампионот откако Ел Несири со маестрален удар од петнаесетина метри го матираше Тер Штеген.

Барса се мачеше да влезе во препознатлив ритам, но сепак успеа да го сврти резултатот во своја полза во вториот дел. Суарез израмни на 1-1 на асистенција на Меси, додека пресвртот го комплетираше „резервистот“ Видал.

Барселона има три бода повеќе во однос на Реал Мадрид, но „кралевите“ вечерва го играат својот натпревар, на домашен терен против Реал Сосиедад.

Се вчитува...