Честите повреди беа причина Ансу Фати да не го покаже сиот свој фудбалски талент во дресот на Барселона, а овие малери продолжија да го следат шпанскиот репрезентативец и по неговата преселба во Брајтон.
Фати мораше да биде заменет за време на последниот премиерлигашки дуел со Нотингем, а тренерот Де Зерби пред денешниот дуел од Лигата на Европа обелодени дека проблемот е крајно сериозен.
„Ансу ќе мора да паузира долго, навистина долго. Тоа е проблем за нас, исто така долга пауза го чека и Лампти“, изјави Де Зерби.
Извори блиски до медицинскиот тим на Брајтон откриваат дека Фати има повреда на мускулот што е максимално сериозна, а првичните прогнози велат дека младиот напаѓач ќе отсуствува најмалку три месеци од фудбалските терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА