Тешка повреда на големото засилување на Милан

Милан вчера ги израдува своите навивачи со убедливата победа во ЛЕ над Австрија Виена, но денеска од таборот на „росонерите“ стигнуваат загрижувачки информации.

Имено, големото летно засилување Андреа Конти го очекува долга пауза од терените по повредата заработена неодамна. Првичните прогнози велеа дека не станува збор за ништо сериозно, за денеска да пристигне и „црното сценарио“ – најскапиот бек во историјата на италијанскиот фудбал ги има скинато лигаментите на коленото и ќе мора да паузира меѓу четири и шест месеци од терените.

Oва е сериозен проблем за тренерот Монтела, кој сериозно сметаше на офанзивниот Конти во формацијата 3-5-2. Сега таа улога ќе му припадне на искусниот Абате, кој има огромни осцилации во формата во последните две-три сезони.

Се вчитува...