Тешка повреда пред стартот на пролетта: Арменд Алиу со скршеница на глуждот

Македонскиот прволигаш Ренова пред стартот на пролетниот дел од сезоната останува без Арменд Алиу. Тој заработил тешка повреда на денешниот тренинг и ќе го пропушти вториот дел од шампионатот.

Алиу на денешниот тренинг се здобил со скршеница на левиот скочен зглоб и итно бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје каде ќе му биде извршен хируршки зафат. Тој ќе паузира најмалку шест месеци.

Ренова во вториот дел од сезоната ќе се бори за да ги избегне позициите кои носат во понизок ранг на натпреварување.

Се вчитува...