Пресметката меѓу Валенсија и Реал Мадрид на „Месталја“ секако ја одбележа контроверзната судиска одлука на крајот и непризнаениот гол на „кралевите“ во последната секунда од мечот.
Сепак, од дуелот и тоа ќе остане запаметена и тешката повреда на дефанзивецот на Валенсја, Муктар Диакаби.
Во финишот на мечот Диакаби беше тешко повреден во борбата за топка со играчот на Реал, Орелиен Чуамени. Двајцата Французи се најдоа на тревата по падот на Чуамени врз Диакаби, а првите прогнози велат дека дефанзивецот на Валенсија заработил повреда на коленото. За каква повреда се работи доволно зборува и тоа што некои од играчите не се осмелија ниту да погледнат што се случува, фаќајќи се за глава…
🚨| Mouctar Diakhaby (Valencia) HORRIBLE INJURY against Real Madrid pic.twitter.com/k6YRh5JVad
— Red Card Alert (@collinabanter) March 2, 2024
GET WELL SOON 🙏
Bek Valencia, Mouctar Diakhaby alami cedera serius saat Aurelien Tchouameni terjatuh di lututnya.
Joselu sempat mengkritisi anggota palang merah yang telat menangani Mouctar. pic.twitter.com/EVq6Grxeah
— MEDIOCLUB (@medioclubID) March 3, 2024
Диакаби беше изнесен на носилки, и се чини дека оваа сезона дефинитивно е завршена за него.
По мечот додека сите негови соиграчи протестираа кај главниот судија, Чуамени пов впечаток на тешката повреда на својот сонародник остана сам на теренот на „Месталја“ на крај и подигнувајќи ги рацете кон целиот стадион со желба за брзо закрепнување на Диакаби. Очигледно е дека Чуамени долго не можеше да се помири со повредата на сонародникот.
По натпреварот, преку социјалните мрежи, испрати и порака за брзо негово закрепнување…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА