Тешко е без Столе: Кореа со два гола во мрежата на Рајо стави крај на серијата порази на Атлетико

Атлетико Мадрид славеше со 2-0 на „Ванда Метраполитано“ против Рајо Валекано во 19. коло од шпанското првенство. Херојот на „јорганџиите“ беше Ангел Кореа кој со два гола во 28. минута односно 53. минута стави крај на серијата од четири порази едно по друго за мадрискиот тим за претекнување на Рајо на четврата позиција на табелата.

Македонскиот интернационалец Столе Димитриевски денеска не застана помеѓу стативите за својот тим и покрај тоа што доби два негативни теста за Ковид-19 и мечот го проследи од клупата за резерви.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...