Тешко обвинување: Самуел Ето проневерил повеќе од 500.000 евра

Претседателот на фудбалската федерација на Камерун и поранешен напаѓач на Интер, Мајорка, Барселона, Самуел Ето, е обвинет за проневера за пари.

Поранешната управа на камерунската федерација го обвинија Ето дека присвоил повеќе од 500.000 евра зарабени од пријателскиот дуел меѓу Камерун и Русија.

Англискиот магазин „Тајмс“ пишува дека на приватната сметка на Ето биле уплатени, прво 455.056 евра, а потоа и 112.514 евра.

Оваа сума всушност е хонорарот кој требало да и припадне на камерунската федерација за гостувањето во Москва каде селекцијата на Камерун одигра пријателски натпревар против Русија на 12 октомври 2023 година кога официјална Москва беше под санкции.

Поранешните челници на камерунската федерација уште минатата година го пријавија Ето во Комитетот за Етика во ФИФА, но за „Тајмс“ тврдат дека немаат увид до каде истрагата и дали парите се уште се на приватната сметка на Ето или се префрлени на сметката на Федерацијата.

Се вчитува...