Тестови за коронавирус за сите фудбалери пред да продолжи сезоната во Серија А

Италијанската фудбалска федерација планира да организира тестирање за сите фудбалери од Серија А во мај како подготовка за продолжувањето на сезоната која е во прекин од 9. март. И натаму нема ниту провизорен термин за тоа кога би продолжило првенството со оглед на критичната ситуација со коронавирусот во Италија, но од Федерацијата се во надеж дека ќе успеат да ги комплетираат преостанатите 12 кола. Комплетно откажување на сезоната засега не се споменува.

„Веднаш штом условите се подобрат ќе ја завршиме сезоната. Наскоро ќе имаме состанок и ќе одредиме процедура за која потоа ќе разговараме. На почетокот на мај ќе почнеме да ги тестираме играчите за да бидеме сигурни дека сите се негативни и да почнат со тренинзи. Дали би играле во тек на летото? Немаме конкретен краен термин, но идејата е да го завршиме првенството“ – изјави претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гарвина.

И Серија А беше директно погодена од коронавирусот. Во неколку клубови имаше заболени фудбалери. На девет кола пред крајот на шампионатот, Јувентус е лидер на табелата со еден бод повеќе од Лацио и девет бода плус во однос на Интер.

 

 

 

Се вчитува...