Тетекс договори пет засилувања

Македонскиот второлигаш Тетекс договори пет засилувања за новата сезона во единствената Втора лига. Нови имиња во тимот се Флорент Османи и Димитар Иванов од екипата на Беса, репрезентативецот до 19 години Антонио Мирков кој доаѓа од екипата на Саса, како и младите Давид Манџуковски и Стојан Попоски од Кадино.

Од клубот информираат дека истовреме ги продолжија и договорите со: Борис Јаќимовски, Мухарем Мислими, Агон Елмази и Стефан Стефановски. Исто така Дел од младите фудбалери, Арлинд Алији, Даниел Николовски, Мерван Имери и Бесмир Камбери, ќе бидат приклучени кон првиот состав.

Првата прозивка ќе се одржи на 6. јули, а главната фаза од подготовките ќе се одржи во Струга, каде се заминува на 22. јули. Во подготвителниот период Тетекс ќе се одигра шест контролни натпревари.

Се вчитува...