Тетекс и Башкими веќе со една нога во Втора лига, предност и за Новаци на полувремето (ВИДЕО/ ФОТО)

Тетекс, Башкими и Новаци имаат предност на полувремето од бараж-пресметките за влез во Втората македонска фудбалска лига следната сезона 2023/24.

Тетекс речиси сигурно ќе си го зачува второлигашкиот статус по убедливата предност од 3-0 против Осогово на дуелот кој се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

„Штофарите“ се убедливи, поведувајќи уште во 13. минута со голот на Салији…

Во 16. минута веќе беше 2-0 за Тетекс по голот на Јусуфи, а на 3-0 зголеми Стојковски во 36. минута.

Во Тетово, Башкими има предност од 2-0 против Влазрими, додека на натпреварот во Кичево, Новаци води против Вардар Неготино со 1-0 по првите 45 минути.

Се вчитува...