Тетовската битка – за титула и за опстанок, Академија Пандев го сака „скалпот“ и на Шкупи

Со победа над Ренова а во очекување на евентуален нов кикс на Шкупи, Шкендија уште денеска во голема мера ќе може да ги брои деновите до прославата на новата шампионска титула во македонското првенство.

Тетовската битка денеска под Шара ќе биде во знакот на битката за титула и битката за опстанок. Исклучително важен меч и за Ренова која мора до бодови ако сака да продолжи со надежта за извлекување од опасната зона.

Интересно ќе биде и во Струмица. Академија Пандев, по одличните игри оваа пролет, го посакува и „скалпот“ на Шкупи. „Пандевци“ веруваат дека можат до бодови, иако е јасно дека чаирчани сакаат да во поправат впечатокот од претходните натпревари.

Во Струмица денеска и натпреварот меѓу Беласица и Македонија ЃП. „Лавовите“, по елиминацијата во полуфиналето од Купот на Македонија, сега се свесни дека единствено преку првенството ќе може да се изборат за европски настап следната сезона. А, третото место и тоа како може да биде загрозено од екипите на Работнички и на Струга ТЛ.

ПРВА ЛИГА – 26. коло (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ

ВЧЕРА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-1

Се вчитува...