Тетовскo дерби под Шара, Капинковски очекува триумф на Пелистер над Борец

Шкендија, по ремито со Работнички, без сомнение сега атакува на три бода против Ренова во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во трката за шампионската титула, и одржување на бодовната разлика со Шкупи, составот на Ернест Ѓока ќе мора на победа против „гипсарите“.

Интересен дуел се очекува и во Битола каде Пелистер го пречекува Борец во желбата за реванш за оној пораз од 3-0 во Велес.

„Имаме едно реми и две победи во првите три натпревари на почетокот од пролетната сезона, и сето тоа дава мотив и една сигурност да се вложиме уште повеќе и да стигнеме до мирни места на табелата. Борец е квалитетна екипа. Оваа зима претрпе промени на неколку играчи и тренер, но се покажаа во овие три натпревари дека имаат квалитет за надигрување со секој противник. Ќе биде тежок и неизвесен натпревар. Мора да дадеме максимум за да ги освоиме потребните бодови“ –  вели тренерот на „пелистерци“, Димитар Капинковски.

ПРВА ЛИГА (22. КОЛО, денеска, 14 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0

Се вчитува...