Тежок аматерски кикс на најдобриот светски голман ја чинеше пораз Астон Вила (ВИДЕО)

Тежок аматерски потег на аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез на дуелот меѓу Астон Вила и Нотингем Форест во Премиерлигата.

Астон Вила го дожвеа првиот пораз во Премиерлигата по цели два месец, за што вина носи и Мартинез кој при водство на домаќините од 1-0, на почетокот од второто полувреме, несмасно реагираше и во обид да одбрани еден удар, ја смести топката во својата мрежа.

На крај Нотингем Форест славеше со 2-0, прва по шест одиграни рунди во Премиерлигата.

Мартинез пред само неколку денови беше прогласен за најдобар голман на светот во изборот на Франс фудбал.

Се вчитува...