📹 Тежок инцидент во Куманово: Домашните фанови нападнаа свој кошаркар, прекинат е дуелот против МЗТ

Тежок инцидент во Куманово на мечот со МЗТ Скопје во рамките од плеј-офот. Лошата игра и големата негатива (28-53) донесоа инцидент по последниот звук од сирената за полувремето.

Во миговите кога кошаркарите се прибираа во соблекувалните, навивачите се нафрлија врз кошаркар на Куманово, при што мораше да реагира и полицијата. Неофицијално станува збор за Тадија Тадиќ.

После 1-2 минути, страстите се смирија, па кошаркарите се упатија кон соблекувалната. Моментално трае загревање и во секој момент треба да почне вториот дел, во кој МЗТ е пред победа.

Се вчитува...