ТФТ го „торпедираше“ Еуро Никел за враќање на победите

ТФТ стигна до втората победа во Првата кошаркарска лига откако на домашен терен во 4. коло славеше против Еури Никел со 90-78. Стартот на мечот им припадна на гостите, но ТФТ одговори расположено зад линијата за три поени каде реализираше 15 обиди, направи значајна преднсот и истата не ја испушти до самиот крај.

Отварањето на натпреварот беше во знакот на Еуро Никел кој погоди во првите пет од шест обиди од поле, а имаше и мирна рака од линијата за слободни фралања за предност од 5-12, но како што одминуваа минутите ТФТ успеа да го најде својот ритам во нападот. Брзата игра носеше отворени обиди кои кошаркарите во „црно-бело“ успеаја да ги искористат па со шест погодени „тројки“ во првата четвртина не само што ја анулираа негативата туку и поведоа со 28-23. Напаѓачкиот ритам на избраниците на Смилковски продолжи и до крајот на првото полувреме во кое и покрај тоа што опадна реализацијата за три поени, домашните кошаркари беа на врвот на задачата за заштита на рекетот. ТФТ дозволи само 12 поени во втората четвртина, а со „два за еден“ во последните 30 секунди поведе и со највисоките 56-35.

Еуро Никел одговори со подобра одбрана на отварањето на второто полувреме, но и кошаркарите на домашниот состав беа на врвот на задачата. Двата тима ги спречија лесни поени на противникот, а до крајот на 30. минута ТФТ беше тој што успеа само минимално да ја зголеми предноста за 72-53. Последните десет минути беа само формалнсот во која шанса добија и младите кошаркари на двата тима, а до крајот кавадарчани го ублажија поразот.

Со 20 поени лидер на ТФТ беше Андерсон, додека него го следеше Костоски со 16 поени и 4 скока. Со 12 поени мечот го заврши Зафиров. Николовски со 16 поени и 5 скока беше прво име кај Еуро Никел, 15 додаде Планиниќ, а како двоцифени со 13, односно 12 мечот го завршија Џекиќ и Соколов.

Се вчитува...