ТФТ повторно славеше над Еуро Никел

Кошаркарите на ТФТ продолжуваат со одличните партии во подотвителниот период откако тимот од скопската населба Тафталиџе по вторпат во краток период го совлада вицешампионот Еуро Никел со резултат 77-73, и тоа по продолжение од пет минути.

Мечот беше максимално израмнет, по 40 минути игра резултатот гласеше 68-68 благодарение на Андреј Маслинко, кој со реализација во самата завршница го одведе мечот во продолжение. Во него поумешни беа кошаркарите на ТФТ, кои со нова победа уште повеќе си ја зголемија самодовербата пред излезот во Европа и настапот во квалификациите за Еврокупот на ФИБА.

Смит беше главна фигура кај ТФТ со 23 поени и 13 скокови, додека во таборот на Еуро Никел одлична игра прикажа центарот Самарџиски, кој оствари дабл-дабл од 20 поени и 15 скокови.

Се вчитува...