ТФТ со триумф над Работнички прв се „чекираше“ во полуфиналето од меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

Меморијалниот турнир во чест на Анте Дуковски продолжи денеска со дуелите помеѓу Академија ФМП и Ангели, односно ТФТ и Работнички во кои домаќините на турнирот успеаја да го одбранат домашниот терен. „Академиците“ славеа над Ангели со 76-72, додека ТФТ забележа победа од 87-83 над нашиот најтрофеен клуб која за „црно-белите“ е втора со што тимот го загарантира своето место во разигрувањето.

ТФТ пак го искористи лошото отварање на мечот на Работнички и по 10. минути игра поведе со 16-10, но следеше пад во играта на „црно-белите“, а избраниците на Симиќ успеаја да го наметнат своето темпо. До крајот на полувремето Работнички постигна 25 поени, а прими 18 со што на „големата пауза“ замина со 34-35.

Сепак ТФТ успеа да одигра на своето ниво во продолжението од средбата. Избраниците на Смилковски блеснаа во третата четвртина во која постигнаа 32 поени и стингаа до двоцифрена предност по 30. минути игра (66-53). ТФТ долго време ја одржуваше стекнатата предност, но последната „офанзива“ на Работнички следеше во самата завршница во која „црвено-белите“ стигнаа и до негатива од два разлика (85-83), а и покрај тоа што имаа можност за изедначување или водство, Марковски загуби топка, а Костовски од линијта за слободни фрлања го постави конечниот резултат.

Хортон со 21 поен, 6 скока и 5 асистенции беше првото име во домашниот тим, а него го следеа Смит со дабл-дабл од 17 поени и 11 скока, Сапунџиев во 13 поени и Маслинко со 10 поени. Марковски беше првото име во Работнички со 25 поени и 7 скока, 24 поени и 13 скока забележа Мустафица.

Се вчитува...