Тиаго: Не ми е грижа за гласините за Барса, останувам во Ливерпул

Играчот за врска, Тиаго Алкантара ги демантираше шпекулациите дека би можел да тргне по стапките на Чави и на Дани Алвеш, и да се врати во Барселона. Тој кажа дека не му е грижа за гласините кои кружат дека повторно ќе заигра во тимот од Ноу Камп, и дека е максимално фокусиран на настапите во Ливерпул.

„Мојата прва година во Ливерпул беше тешка поради пандемијата и поради повредите. Но, оваа е многу подобра“, рече Тиаго и додаде:

„Не ми е грижа за гласините. Не размислувам за ништо друго освен за работата во Ливерпул. Се грижам само за следниот натпревар што го имам тука со Ливерпул и секако сакам да ја освојам титулата“, вели Алкантара.

Алкантара од 2008 до 2013 година беше дел од Барселона, а потоа замина во тимот на Баерн каде беше до 2020 година, а потоа замина во Ливерпул.

Се вчитува...