Тие се победници, ова е македонската ракометна иднина! (ФОТО)

Македонија го победи Бразил (28-23) во решавачкиот натпревар за пласман во осминафиналето на СП (У21) во Алжир, а потоа продолжи и новата традиција на новата генерација – победата да се овековечи со заедничка фотографија.

Младите македонски ракометари покажаа дека се најсилни кога е најпотребно, дека имаат квалитет и знаат да победуваат. Дека се тим и кога победуваат и кога заедно се радуваат.

Дека македонскиот ракомет има иднина што ветува уште многу вакви победнички фотографии.

БРАВО!

Се вчитува...