Тихо Костадинов по осум месеци пауза поради повреда се врати на фудбалот (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов конечно се врати на тренинзи во полскиот клуб Пјаст Гливице по долгата пауза поради тешката повреда.

На почетокот на април оваа година Костадинов заработи тешка повреда кинејќи ги предните вкрстени лигаменти поради што паузираше цели осум месеци. Не беше на располагање на селекторот Благоја Милевски за настапите во Лигата на нациите, но сега се очекува да биде повторно во националниот тим низ квалификациите за ЕП 2024.

Костадинов беше еден од најстандардните репрезентативци во составот на Благоја Милевски до повредата, наоѓајќи стандардно место во првиот тим на А-селецијата под водство на Милевски.

Во квалификациите за Европското првенство кои почнуваат во март со дуелот против Малта во Скопје, Македонија е во исклучително тешка група уште и со Италија, Англија и Украина.

Се вчитува...