Тијаго Силва не мрда од Челси (ФОТО)

Шампионот на Европа и следната сезона ќе може да смета на услугите на искусниот Тијаго Силва откако Челси и Бразилецот ја продолжија соработката на уште една сезона. Силва пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како слободен агент на почетокот на оваа сезона, а беше еден од клучните играчи во воспоставување на сигурност во одбраната на „сините“.

Претходно и тренерот Томас Тухел стави потпис на нова соработка со што Челси полека започна составување на составот за престојната сезона во која лондонскиот состав ќе се обиде да ја одбрани титулата во Лигата на Шампионите, но и да го нападне трофејот на домашното тло.

Се вчитува...