Тијаго Силва сака да се врати на „Сан Сиро“?

Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва му се понуди на поранешниот тим Милан, истакнувајќи ја желбата да се врати на „Сан Сиро“ во летниот преоден рок. Тој три години беше играч на „росонерите“, дојде од Флуминензе, играше стандардно и освои шампионска титула пред да замине во Пари Сен Жермен во 2012 година.

Искусниот одбранбен фудбалер има 35 години, но секако би бил одлично засилување за Милан. Последниот збор ќе го има раководството на Милан и новиот директор Ралф Рангник кој официјално ќе стартува со работа по завршувањето на сезоната.

Тијаго Силва не доби понуда за продолжување на соработката од Пари Сен Жермен.

Се вчитува...