Тијаго Силва летово стана слободен играч по осум години минати во дресот на ПСЖ. Откако стана јасно дека нема да потпише нов договор со „светците“ бразилскиот дефанзивец доби понуди од неколку клубови ширум Европа, за на крајот експресно да се договори за преселба во Челси.
„Вистината е, кога дознав дека нема да останам во ПСЖ, се уште се надевав на врвен трансфер. Знаев дека нема да биде лесно, тешко е да се добие врвна понуда кога ќе се мине 33-34 годишна возраст. Сепак, јас верував, се молев на Бога да ми најде перфектен клуб, тим со амбиции слични на моите. Бог ме послуша и така завршив во Челси, најдобриот тим во Англија“, изјави Силва.
Бразилецот имаше катастрофално премиерлигашко деби, откако Челси прими три гола за едно полувреме против ВБА, а токму Силва беше трагичар при вториот погодок, кога му ја подари топката на Робинсон, кој излезе очи в очи со Кабалјеро и го зголеми водството на Вест Бромвич Албион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА