Тиквата е пукната: Конте пак го понижи Ериксен

Односот меѓу Антонио Конте и Кристијан Ериксен е нарушен веќе извесно време, Данецот веќе не ни крие дека планира во јануари да го напушти Интер, додека Конте секогаш наоѓа начин да го спушти промашеното засилување на земја.

Тоа беше случај и на синоќешниот дуел со Болоња, на кој Интер имаше осигурано триумф водејќи со 3-1, кога Конте реши во 91. минута да го внесе терен Ериксен. Данецот очигледно беше незадоволен, влезе во игра и мина на теренот две минути пред судијата да означи крај на мечот.

„За мене сите играчи се исти, со сите имам одличен однос“, изјави Конте по натпреварот.

Оваа изјава е далеку од вистината, доказ за тоа се и снимките од по натпреварот, кога Конте ја продолжи својата традиција по мечот да се поздрави со сите фудбалери на Интер. Секако, со исклучок на Ериксен, кој ладно се размина на два метри од тренерот на патот кон соблекувалната.

Се вчитува...