Тиквеш е дел од елитата, Кавадарци ги слави новите спортски херои (видео)

Кавадарци вечерва е на нозе по фантастичниот успех на фудбалерите на Тиквеш, кои славеа во баражот против Силекс и обезбедија влез во Првата лига.

Кавадарчани неколку сезони беа на чекор до елитното друштво, но денеска остварија фантастичен резултат со елиминацијата на повеќекратниот македонски првак во најважниот овосезонски натпревар.

Присуството на илјадници кавадаречки спортски приврзаници е најдобар доказ за тоа колку големиот успех им значи на жители на овој град, кои од август повторно ќе имаат можност да следат елитен македонски фудбал.

Се вчитува...