Тиквеш крајно изненадувачки обезбеди место во Првата македонска фудбалска лига следната сезона, откако ги шокираше Силекс во бараж-пресметката за опстанок во елитното друштво.
Тиквеш пак по цели 17 години повторно се враќа во Првата лига, откако славеше со 1-0 против Силекс со голот во 54. минута на Спахиу на натпреварот кој се одигра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
По примениот погодок кратовци се разиграа, но од идеални шанси не успеаја да реализираат Ѓорѓевиќ, Штерев и Тимовски. На крајот за сосема заслужена радост на кавадарчани.
Силекс, кој сезонава се закити со трофејот во Купот на Македонија, доживеа и прволигашка елиминација, па од следната сезона ќе игра во Втората лига.
Последното прволигашко место ќе се одредува преку пеналите откако Охрид и Ренова играат 2-2 по регуларниот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА