Тиквеш, Осогово и Победа се жалат: До каде со вакви судии?

Денешните натпревари од Втората лига – Исток предизвикаа бура од реакции откако Тиквеш, Победа и Осогово гласно се пожалија на судиски неправди.

„Разочарани од денешните случувања на градскиот стадион во Пехчево, чуствуваме потреба да се обратиме на цела фудбалска и спортска јавност за ‘ скандалозните’ потези на судиската тројка од Скопје. Главниот арбитар Младеновски кој од претходно е познат на фудбалска јавност по суспензија на 2 години поради сомнителни моменти од младинска лига, денеска го оштети директно нашиот клуб со една пристрасна одлука ( иако спротивно од тоа што му сигнализираше помошникот) при што влијаеше на директниот исход на конечниот резултат.

Нашата екипа во текот на целиот натпревар имаше доминантна улога и со безброј шанси беше далеку подобар противник од домашната екипа на Кит Го. Би сакале да ја запрашаме Фудбалската Федерација на Македонија исто и судиската организација дали со вакви ‘ докажани ‘ кадри како Младеновски ќе вршиме однапред нарачани одлуки кои директно влијаат на конечната табела во 2ПМФЛ -Исток? Дали веќе од претходно се резервирани местата за повисок ранг? Дали е можно во една држава како нашата во исти ранг на натпреварување има исти сопственик кој креира резултати кои одат во негов прилог? Дали со вакви унапред режирани сценарија вршиме унапредување на фудбалот, и поради вакви ситуации имаме се помалку гледачи на стадионите.Бараме одговорност од инволвираните лица за денешната лакардија во Пехчево и бараме да се преиспита регуларноста на оваа сезона, која уште не почната имаше свои математики за конечниот епилог.

И за крај би сакале да ве информираме дека Тиквеш нема да се предаде и покрај овие матни игри во режија на неколку самобендосани ‘ спортски работници’ – се вели во соопштението на кавадарчани.

Прилепскиот второлигаш Победа причината за поразот од Брегалница ја лоцираа кај арбитрите.

„Честитки за Брегалница за победата. Несомнено дека имаат квалитетен и компактен тим. Но денес не само што не не надиграа туку ако не бевме драстично оштетени убеден сум дека немаше да освојат бодови. Знаејќи дека имаа 2 тешки натпревари зад себе очекував дека ние ќе бидеме кадарни и да ги изненадиме. Иако не сакам и ретко го коментирам судењето не можам да не подвлечам дека за жал денеска немавме рамноправен критериум од судиите кои директно го режираа мечот. Ова беше скандалозна арбитража насочена директно против Победа. Три дена да игравме немаше да загубиме. Единствено ми е жал за тешката повреда на нашиот напаѓач Анастасовски, кој не беше заштитен од судиите и се здоби со повреда по која, ќе ги сочекаме лекарските прегледи и снимки, но најверојатно за него оваа сезона е завршена.

-Без разлика дали Победа е во Прва, Втора, Трета или незнам која лига судиите едноставно не смеат да се однесуваат на ваков начин. Апелирам стручните лица во ФФМ да обрнат поголемо внимание на отценката на судењето во нашиот фудбал. Работа на судииите е да судат, а не да режираат исходи на натпревари, а надлежните од ФФМ нека го погледнат ЦД-то од овој меч и ќе видат како на Победа и беше нанесен денешниот пораз. Ако му смета, на некого Победа нека не исфрлат и во 5-та лига…Но нека ни кажат да не се трошат пари џабе. Некој дава пари во клубот и за тоа се разбира треба и отчет, а не друг да ни ја крои судбината надвор од теренот! Ние сакаме да ја испочитуваме ФФМ и досега сме биле максимално коректни ама за возврат такаречи на сите натпревари сме на тапет кај судиите“, изјави тренерот на Победа, Дарко Крстески.

Незадоволни од арбитражата се и во таборот на Осогово, поради неправедно досудениот пенал за Кожув на мечот одигран во Гевгелија.

Се вчитува...