Тиквеш победи на пријателскиот дуел со репрезентацијата до 19 години

Второлигашот Тиквеш беше подобар од младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години на пријателскиот натпревар кој се одигра на комплексот Куќа на фудбалот во Скопје.

Кавадарчани победија со 3-1 благодарение на погодоците на Симеон Христов, кој стрелаше во два наврати, и Александар Вареловски.

Во составот на Тиквеш шанса добија и младите Најдовски, Тодоров, Дамјановски и Коцев. Младата репрезентација до 19 години, пак, се подготвува за есенските квалификации за ЕП. Планиран е тест дуел и со младинскиот тим на Шкендија.

Се вчитува...