Тиквеш потпиша со тандемот Мишов – Коцев од Борец

Тиквеш продолжува да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона, во која кавадаречкиот клуб по подолго време повторно ќе биде дел од елитното друштво во мак-фудбалот.

Кавадарчани денеска потпишаа договори со двајца фудбалери, и тоа Александар Мишов и Роберт Коцев, кои минатата сезона ја минаа во дресот на Борец Велес, а сега ќе се преселат во редовите на Тиквеш.

За Мишов овој трансфер претставува камбек во Тиквеш, тој и лани беше дел од овој тим, во јануари се пресели во Борец, но по влезот на Тиквеш во елитното друштво тој ја прифати понудата за враќање во Кавадарци.

Се вчитува...