Тиквеш потпиша со Тофилоски и со Ивановски

Новиот прволигаш Тиквеш ги стартуваше подготовките за новата сезона, а воедно се договорени и првите засилувања кои ќе му се стават на располагање на тренерот Пане Блажевски.

Искусниот голман Дарко Тофилоски, кој своевремено беше и македонски репрезентативец, потпиша договор со кавадарчани, доаѓајќи во Тиквеш од редовите на Трепча од Косово.

Покрај Тофилоски, во редовите на Тиквеш се враќа и Иван Ивановски, кој минатата сезона ја мина носејќи го дресот на Силекс.

Воедно, управата на кавадаречкиот прволигаш најавува дека во наредните денови ќе бидат официјализирани трансферите на уште неколку прволигашки фудбалери.

Се вчитува...