Тиквеш ремизираше со Динамо Врање

Македонскиот второлигаш Тиквеш ремизираше (1-1) со српскиот клуб Динамо Врање на пријателскиот натпревар што се одигра во Охрид. Головите на овој дуел беа постигнати во второто полувреме.

Тиквеш поведе со автоголот на Никола Јовановиќ кој несмасно ја затресе сопствената мрежа во 62.минута, а Динамо Врање возврати со погодок од пенал. Во 71.минута, Млаѓан Стевановиќ го реализираше ударот од белата точка и го израмни резултатот.

Се вчитува...