Тиквеш се засили со Бразилец од Молдавија

Тиквеш ангажираше уште едно ново засилување откако кавадарчани денеска го потврдија трансферот на Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантош, со прекар Ренатињо.

Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој по минувањето на младинските категории во татковината, ланската сезона замина во Молдавија каде ги бранеше боите на Политехника.

Летово тој стана слободен играч, избирајќи го Тиквеш како нова дестинација во кариерата.

„Добредојде во црвено-белото семејство, Ренатињо! 🇧🇷❤️🤍

Со големо задоволство го претставуваме нашето најново засилување, Жоао Габриел Фереира Сантос – „Ренатињо“.

Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш.

Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно.

Добредојде во Тиквеш, Ренатињо“, објави кавадаречкиот прволигаш.

Се вчитува...