Кошаркарите на Тиквеш со голема победа ја стартуваа новата сезона во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Гостивар со 67-81 во меч од воведното коло во Првата лига на Македонија.
Гостите подобро го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа позитива од седум поени 16-23. До крајот на првиот дел разликата стана и двоцифрена па кавадарчани на полувреме имаа предност од 30-42.
Во вториот дел Тиквеш успеа да го исконтролира резултатот и да стигне до триумф од 67-81. Кристоф Дес со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 30 поени на Глен Абрам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

