Тиквеш со „петарда“ за Победа (ФОТО)

На последниот пријателски натпревар пред почетокот на Втората лига – Исток следната недела, фудбалерите на Тиквеш запишаа убедлива победа од 5-2 против прилепска Победа.

Стрелци на головите за прилепчани беа Спахиу и Ѓорѓи Мојсов, кои по двапати се запишаа во листата на стрелците, како и Костовски.

Тиквеш во сабота (27. февруари) првиот пролетен натпревар го игра на домашен терен против Росоман.

Се вчитува...