Тим на сезоната во ЛШ: Го нема Салах, но Ливерпул доминира

Ливерпул очигледно е најзастапен во „тимот на сезоната во Лигата на шампионите“, во кој УЕФА ги смести најдобрите 20 фудбалери во 2018/19 во елитното европско натпреварување.

Од овие 20 играчи, шестмина се дел од новиот европски првак, и тоа голманот Алисон Бекер, потоа дефанзивците Ван Дајк, Робертсон и Александер Арнолд, како и играчот за врска Џини Вајналдум и напаѓачот Садио Мане. Интересно, во овој избор од 20 најдобри фудбалери во ЛШ не се најде место за главниот напаѓач на „црвените“, Мохамед Салах.

Покрај Алисон Бекер како голман избран е и Тер Штеген од Барселона, а во дрим-тимот се најде место и за Де Лихт (Ајакс), Фертонген и Сисоко (Тотенхем), Зијеш, Нерес и Де Јонг (Ајакс), Де Бруине (Манчестер Сити), Ндомбеле (Лион), Стерлинг (Манчестер Сити), Роналдо (Јувентус), Меси (Барселона), Тадиќ (Ајакс) и Моура (Тотенхем).

Се вчитува...