Тимо Вернер е нов фудбалер на Ливерпул!?

Тимо Вернер е веќе нов фудбалер на Ливерпул, пренесува американскиот „Бличер репорт“.

24-годишниот офанзивец веќе ја договорил соработката со „црвените“ засилувајќи го нападот на Ливерпул. Покрај Ливерпул за неговите услуги претходно беа заинтересирани и Баерн, Барселона, Реал Мадрид и Интер, но се одлучил за соработка со Јирген Клоп.

Германскиот Лајпциг со неговата продажба ќе инкасира околу 50 милиони евра. Сезонава за Лајпциг постигна 21 гола во 25 одиграни натпревари.

Се вчитува...