Менаџерот на Тотенхем ги обвини фановите за лошите резултати: „Ова не се вистински навивачи“

Тотенхем и натаму тоне во длабока криза. ТИмот од Лондон вчера на свој терен загуби од Фулам со 1-2, а менаџерот на оваа екипа се соочува со отказ, со оглед дека има само две победи на последните 10 натпревари.

На почетокот од мечот Тотенхем прими два брзи гола. Фулам преку Тете и Хари Вилсон поведе со 0-2, а потоа Тотенхем само успеа да го ублажи поразот. Меѓутоа реакцијата на навивачите го разбеснаа менаџерот на овој тим.

„Не можам да прифатам да се исвиркува додека се игра. Тоа е неприфатливоа. Ова не е се вистински навивачи. Ако сакаат да изразат незадоволство после натпревар, тоа е во ред, но во тек на натпревар, тоа воопшто не е добро. За натпреварот, имавме негатива од 0-2 после шест минути, и потоа пред нас висока планина за искачување“, рече Франк.

Се вчитува...