Тимот на Барди во победничка низа: Леванте го прескокна Реал, на два бода од Барса

Леванте ја оствари четвртата победа во низа во Ла Лига, вкупно петта во шампионатот на Шпанија, совладувајќи го Леганес со 2-0 на домашен терен. Со овој триумф, Леванте го прескокна Реал Мадрид на табелата со 16 бода, само два бода помалку од лидерот Барселона.

Роџер во 14.минута го постигна првиот гол за Леванте на оваа средба, а Рочина во последните мигови ја потврди со вториот погодок за домашниот тим. Енис Барди го одигра целиот натпревар и беше еден од најзабележителните играчи во составот.

Се вчитува...