Тимот на „пензионираните“ би можел да освои СП

Светското првенство во Русија полека паѓа во заборав, Франција ќе остане запишана како селекција која го освоила насловот во 2018 година, а за некои врвни фудбалери тоа беше и последниот Мундијал. Големи светски фудбалски имиња ставија крај на репрезентативната кариера токму по завршувањето на Светското првенство.

Шпанија немаше голем успех на СП, па по ова Андрес Иниеста, Давид Силва и Жерар Пике ставија крај на настапите за националниот тим. Тие се меѓу носителите на тимот на „пензионираните“, кој би можел сега да ја освои титулата на некое ново Светско првенство. Тука се и Месут Озил, Хавиер Маскерано, Марио Манџукиќ, Џејми Варди…

Се вчитува...