Тинејџерот на Ливерпул утре оди на операција, колегите се молат за брзо опоравување

Младиот фудбалер на Ливерпул, Харви Елиот, кој вчера на гостувањето кај Лидс Јунајтед заработи тешка повреда, ќе мора да оди на операција. Како што објавија „црвените“, 18-годишникот има дислокација на скочниот зглоб и ќе мора да оди на хируршки зафат.

Според најавите, операцијата е закажаа за утре. Ако се помине во најдобар ред, останува да се почекаат прогнозите на лекарите околу комплетниот период на негово опоравување, кое сигурно ќе потрае подолго.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...