Тите ограбен во Рио – напаѓачот му одржал и лекција за елиминацијата од Хрватска

Доскорешниот селектор на Бразил, Тите бил ограбен при прошетка во својата населба во Рио де Жанеиро, пренесуваат тамошните медиуми. Ограбувачот му го одземал паричникот, а притоа добил и лекција поради елиминацијата од Хрватска на Светското првенство во Катар.

Интересно, ова не е прв пат Тите да се најде на таргетот на бразилските навивачи. Исто беше и во 2018 година по елиминацијата од страна на Белгија тој мора да се повлече во изолација заедно со неговото семејство.

Бразил важеше за еден од претендентите за шампионската титула на 22. издание на Мундијалот, а и покрај тоа што одигра одлично во групната фаза налета на расположените Хрвати во елиминациската фаза кои пак потоа го осовија бронзениот медал.

Се вчитува...