Тите останува селектор на Бразил до СП во Катар

Фудбалската репрезентација на Бразил не го оствари очекуваниот успех на Светското првенство во Русија, но тоа не влијаеше на статусот на селекторот Тите. „Кариоките“ беа елиминирани во четвртфиналето од Белгија, но челниците на бразилскиот фудбал веруваат во Тите и му понудија нов договор до 2022 година.

Тите ја прифати понудата и ќе го предводи националниот тим на Бразил и на Светското првенство во Катар. Личните услови на селекторот се како и за досегашната соработка. Тој ќе заработува 600.000 долари месечно на кормилото на најфудбалската нација во светот. Прв нареден предизвик за него и фудбалерите на Бразил ќе биде Копа Америка, натпреварување што ќе се одржи следната година, а во кое тие немаат освоено трофеј од 2007 година.

Се вчитува...