Тивкиот херој – Лионел Скалони, прв Аргентинец со трофеи од СП и од Копа Америка

Лео Меси си го оствари сонот, Емилијано Мартинез одбрани се што требаше кога беше најважно, но еден од хероите на Аргентина на овој фудбалски мундијал што мора да се спомене е и Лионел Скалони.

Поранешниот репрезентативец дојде на клупата на националниот тим во 2019 година тивко и без бомбастични најави и очекувања, но Скалони успеа во она што неговите претходници не го реализираа – да состави силен колектив кој предводен од Меси ќе се искачи на врвот на светскиот фудбал.

Тој си обезбеди и место во фудбалската историја како прв аргентински стратег што во својата кариера ги кренал пехарите на СП и на Копа Америка. Досега тоа им имаше успеано само на Бразилците Марио Загало (СП во 1970 и Копа Америка во 1997) и Карлос Алберто Пареира (СП 1994, Копа Америка 2004), одбрано друштво од кое дел од вчера е и Скалони.

Се вчитува...