Тивко лето на „Енфилд“: Клоп откри зошто Ливерпул не троши пари за засилувања

Заврши летниот рок за трансфери во фудбалска Европа. Заминувањата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во ПСЖ и Манчестер Јунајтед се секако првата најраскажувана сторија ова лето, а фановите на фудбалот беа изненадени од фактот дека тимот на Ливерпул ова лето не потроши речиси ништо, со исклучок на трансферот на Ибрахим Конате договорен со РБ Лајпциг во јануари.

Јирген Клоп ја објасни целата ситуација во Ливерпул ова лето и зошто касата била заклучена за евентуални трансфери.

„Сите гледаме во списокот на фудбалери од минатата сезона каде имавме многу повреди. Играчите се опоравија и сега имаме 25 играчи подготвени да ги исполнат барањата на тренинзите и на теренот. Вративме неколку играчи од позајмица што се покажа како одличен потег. Се договоривме за Конате порано, како поддршка на Ван Дијк и Матип кои се опоравуваа од повредите. Немаше потреба да се купуваат играчи, нашиот медицински тим направи одлично работа“, изјави Клоп.

Се вчитува...