Тоа би бил дрим-тим: Гвардиола во офанзива по Мбапе

Манчестер Сити игра извонредна сезона, а „граѓаните“ планираат уште повеќе да го засилат својот тим за наредната сезона. Амбициозноста и богатиот буџет отсекогаш биле главни одлики на тимовите предводени од Пеп Гвардиола, па затоа не е изненадување што овој клуб реши да тргне со сите сили по Килијан Мбапе.

Реал Мадрид и Ливерпул досега важеа за главни кандидати во трката по францускиот супер-голгетер, но челниците на Манчестер Сити решија да се вклучат и да се обидат да го доведат асот на ПСЖ во своите редови. Француските медиуми обелоденуваат дека Пеп Гвардиола лично го контактирал Мбапа, објаснувајќи му го својот проект во Манчестер и местото каде го гледа Французинот доколку му се приклучи на неговиот дрим-тим.

Парите никогаш не биле проблем во Манчестер Сити, па „граѓаните“ се подготвени да платаат и над 100 милиони евра за Мбапе, сума што ПСЖ ќе биде принуден да ја прифати бидејќи во спротивно Французинот наредното лето би си заминал без никаква отштета од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...