Тоа би била „бомба“: Левандовски во Реал Мадрид?!

Баерн Минхен е на чекор до нова титула во Бундес-лигата, но состојбата во редовите на баварскиот гигант е далеку од посакуваната. Војната Салихамиџиќ – Флик заврши со заминување на тренерот и именување на Нагелсман за нов стратег на Баерн, но лесно може да се случи германскиот првак летово да остане и без својата прва „ѕвезда“ – Роберт Левандовски. Полските медиуми почнаа, а германските ја продолжија приказната дека Левандовски е крајно разочаран од случувањата во клубот, па веќе побарал од својот агент да ги разгледа останатите опции за продолжување на кариерата.

Полјакот летово ќе има само уште една годин од договорот со Баерн и според овие информации нема никаква намера да потпише нов, туку ќе размислува за нов предизвик во кариерата. Како една од најсериозните опции се посочува Реал Мадрид, со оглед на фактот дека „кралевите“ се во потрага по нов голгетер што би ја засилил навалната линија крај Карим Бензема.

Халанд и Мбапе би чинеле над 150 милиони евра, додека во случајот на Левандовски се очекува отштетата да изнесува околу 50 милиони евра, сума што Флорентино Перез полесно би ја инвестирал во услови на голема финансиска криза. Челниците на Баерн ќе сторат се за да го разубедат својот најдобар стрелец, но доколку Левандовски остане на својот став тогаш баварскиот гигант ќе биде принуден да го продаде и да не ризикува тој наредното лето да си замине без никаква отштета од „Алијанц Арена“.

Се вчитува...