Тоа е бизнис: Ја купи Аталанта за 10 милиони евра, сега ја продава за 350 милиони и останува извршен директор!

Аталанта е на добар пат да стане осмиот италијански прволигаш со американски газди откако првиот човек на клубот, Лука Перкаси, влезе во финални преговори за продажба на мнозинскиот пакет на акции на групацијата ККР од Соединетите Американски Држави.

Начелен договор е веќе постигнат, откако е прифатена понудата од 350 милиони евра за 85% од вкупните акции на клубот. Се очекува сите детали да бидат средени до крајот на месецот, по што Аталанта и официјално ќе добие нови газди.

Ова ќе биде извонреден бизнис-потег на Перкаси, кој во 2010 година ја купи Аталанта за 10 милиони евра. Клубот во тој период се натпреваруваше во Серија Б, но под негово водство не само што влезе во елитното друштво, туку и да се натпреварува во Лигата на Шампионите. Тој не само што ќе заработи богатство од продажбата на акциите, туку и ќе остане малцински акционер, а новите газди ќе му ја доверат и улогата на извршен директор, што со огромен успех ја извршуваше и во претходните години.

Се вчитува...