Тоа е реалноста: Храбра насловна страница која ја кажува вистината за Саудиска Арабија

Реномираниот шпански весник „Марка“ реши на ефектен начин да покаже што мисли за уредувањето во Саудиска Арабија, државата каде најдобрите четири клуба од државата ги играат натпреварите од фудбалскиот Суперкуп. Во финалето денеска се соочуваат мадридските ривали, Реал и Атлетико.

На фотографијата се маж и жена со дресови на двата клуба. Мажот е облечен во дресот на Атлетико, додека жената го држи в раце дресот на Реал, а е облечена во задолжителните алишта кои комплетно ја покриваат.

„Во Саудиска Арабија во 202о година, во 21 век. Го покажуваме вообичаеното. Реалноста. Суровата реалност. Сликата зборува толку што сметавме дека не е потребен наслов“ – стои во кусиот текст на „Марка“.

Шпанската фудбалска федерација доби бројни критики за тоа што избра турнирот да биде одигран во Саудиска Арабија, земјата која постојано добива жестоки критики за непочитувањето на човековите права како и статусот на жените во државата. Некои телевизиски станици дури решија и да не прават директни прености.

Саудиска Арабија во 2018 година им дозволи на жените да присуствуваат на фудбалски натпревари. За жените има посебни сектори, тие не седат заедно со мажите, а стадионот во Џеда вработи жени кои би биле задолжени за женскиот сектор. Во Саудиска Арабија исто така во 2018 година на жените им беше дозволено да возат.

Се вчитува...