Тобол сака да го задржи Македонецот Амановиќ

На неколку играчи на Тобол им истекуваат договорите, а меѓу нив е и македонскиот интернационалец Алекса Амановиќ кој е пред продолжување на соработката со првакот на Казахстан.

Амановиќ од февруари 2020 година е дел од Тобол, а оваа година имаше одлични партии, со што му помогна на тимот да дојде до шампионскиот пехар во Казахстан и да заврши пред големиот фаворит Астана.

Екс репрезентативецот до 21 година на Македонија го чека сега полуфинале во Купот на Казахстан. Но, трофејот од Купот е речиси недостижен затоа што во првиот меч, Тобол беше поразен со 5:2 од Шахтер Караганди.

Се вчитува...