ПСЖ со три бода си оди од Марсеј

Во големото дерби во француската Лига 1, шампионот ПСЖ како гостин го победи Олимпик Марсеј со 1:2 и полека влегува во победнички ритам по слабиот старт на сезоната.

Ова беше втора победа по ред за ПСЖ во Лига 1 откако во првите три кола имаше две ремија и еден пораз во дербито со Монако. Со трите бода, „светците“ скокнаа на шестото место на табелата со осум бодови, пет помалку од лидерот Монако.

Од друга страна, Олимпик Марсеј има катастрофален старт на сезоната. По триумфот во првото коло над Стразбур (4:0), Олимпик Марсеј нанижа четири порази по ред и се наоѓа на претпоследното 19-то место на табелата.

На дербито кое се играше на „Велодром“, сите три гола беа постигнати во второто полувреме и тоа за осум минути.

ПСЖ поведе со голот на Феран Торес во 66-та минута, Гомес во 72-та израмни на 1:1, а трите бода за „светците“ ги обезбеди Маркињос со голот во 74-та минута.

Се вчитува...